Најбогатата актерка вреди три милијарди долари, но повеќето луѓе никогаш не слушнале за неа

од Vladimir Zorba

АКО МИСЛИТЕ дека ги познавате сите најбогати луѓе, се лажете. Има една актерка која е побогата од Џорџ Клуни, Том Круз и Џулиja Робертс, и големи се шансите дека никогаш не сте слушнале за неа. Таа долги години е неактивна во филмската индустрија, но во 2023 година може да се пофали со нето богатство од дури три милијарди долари.

Станува збор за Џами Герц, актерка која се појавила во Twister, The Lost Boys, Seinfeld и Modern Family. Со текот на годините таа реши да се повлече од очите на јавноста за да го умножи своето богатство.

Денес, таа и нејзиниот сопруг Тони Реслер се косопственици на Атланта Хокс, а исто така се и малцински сопственици на Милвоки Биверс.

Сепак, двајцата не се посветија само на заработка. Во 2012 година, фондацијата Giving Back ги прогласи за најголеми донатори. Ласкавата титула е заработена со рекордна донација од десет милиони долари на фондацијата Реслер-Герц, која се фокусира на уметноста, образованието, здравството и еврејските организации.

Слични содржини