Ибрахимовиќ има своја желба за нов тренер на Милан

Сегашниот тренер на Антверпен, Марк ван Бомел, е желбата на Златан Ибрахимовиќ да биде тренер на Милан. Сосема е јасно дека Стефано Пиоли по завршувњето на сезоната станува поранешен, и дека Милан ќе има нов тренер.

Ван Бомел играше во Милан во сезоната 2011/12 и одигра 39 натпревари за „црвено-црните“. Во својата кариера играше и за ПСВ, Барселона и Баерн Минхен. Тренерската кариера ја почна како асистент селектор во Саудиска Арабија, па во Австралија, а потоа ги водеше ПСВ, Волфсбург и сега Антверпен.

Ван Бомел важи за близок пријател на Ибрахимовиќ, а Швеѓанецот инсистира токму тој да го замени Пиоли на кормилото на „росонерите“. Инаку во комбинација уште се и Антонио Конте, Роберто де Зерби и Хулиен Лопетеги.

Се вчитува...