Шумахер најавува пропаст на Ред Бул

Шумахер најавува пропаст на Ред Бул

пред 3 недели

Ралф Шумахер (48) смета дека заминувањето на Адријан Њуи од Ред Бул е значаен момент за Формула 1. Поранешниот Ф1 возач смета дека ова е позначајно дури и од трансферот на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари.

Пред два дена Ред Бул објави дека спогодбено ќе се раздели со најдобриот дизајнер во Ф1. Шпекулациите велат дека Њуи би можел да му се придружи на сонародникот Хамилтон во Ферари следната сезона.

Дури и да не се случи тоа, Ралф Шумахер е убеден дека без врвниот дизајнер, Ред Бул ќе стане просечен тим.

Помладиот брат на еден од најголемите возачи на сите времиња, Михаел Шумахер, кој и самиот имаше солидна кариера во Формула 1 (182 трки, 27 подиуми, 6 пол-позиции, 6 победи) отиде чекор понатаму и објави дека Њуи е само првиот во низата клучни луѓе на тимот на Ред Бул кои наскоро ќе ја напуштат базата во Милтон Кејнс.

„Да, тоа е факт и повеќе луѓе ќе си заминат“, одговори Шумахер на прашањето за организациската криза во најдоминантниот тим на првенството.

„Тоа е јавна тајна, но во реалноста сè започнува од фактот дека Кристијан Хорнер верува дека не му треба ниту еден од тие луѓе и дека најдобро знае како треба да изгледа Ф1 тим. Конечно, ја има целосната поддршка од тајландските инвеститори“, изјави Германецот, а пренесува шпанска „Марка“.

Share
Scroll to Top