НАРЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ РЕШАТ СЕ! Европа е во предвоена состојба

93
EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека ситуацијата во Европа е најлоша од крајот на Втората светска војна и апелираше до Европејците да сфатат дека војната не е концепт од минатото, туку дека живеат во предвоена состојба во која секое сценарио е можно и дека во следните две години се ќе се реши.

„Не сакам никого да плашам, но војната веќе не е концепт од минатото. Таа е реална, започна пред две години. Знам како им звучи на луѓето од помладата генерација, но мораме ментално да разбереме дека доаѓа нова ера.

Тој рече дека на самитот на Европската унија шпанскиот премиер Педро Санчез побарал повеќе да не се користи зборот „војна“ во документите на ЕУ, бидејќи луѓето не сакаат да се плашат на тој начин, а во Шпанија тоа им звучи апстрактно.

Тој додаде дека „во моментот најзагрижувачко е тоа што буквално секое сценарио е можно. Не сме виделе ваква ситуација од 1945 година“.

Туск наведе дека е сведок на револуција во европскиот менталитет.

– Никој повеќе не ја доведува во прашање потребата од заедничка одбрана. Погледнете ја Германија, каде што се случи огромен пресврт. Денес, ЦДУ и ГСДП се натпреваруваат кој од нив е попроукраински – истакна Туск.
Тој повика и на поконзистентна заштита на надворешните граници на ЕУ.

– ЕУ во целина, како моќна организација, мора да биде ментално подготвена да се бори за безбедноста на нашите граници и територија – посочи Туск.

Рано утрово полските и сојузничките авиони беа ставени во состојба на готовност откако Русија изврши ракетни напади врз Украина.