Пендаровски и Силјановска денеска речиси во исто време ќе водат кампања во Крушево


 

Двајцата ривали во вториот круг на претседателските избори денеска се во Крушево од каде го почнуваат вториот дел од кампањата.

Според најавата од штабот на Стево Пендаровски тој денеска од 18 часот ќе има средба со граѓани во градскиот парк во Крушево. Крушево е една од двете општини каде што тој доби повеќе гласови од Гордана Силјановска-Давкова во првиот круг.

Дотогаш Силјановска-Давкова веќе ќе биде неколку часа во Крушево. Таа во првиот дел од кампањата не отиде во Крушево, туку митингот во овој град го водеше партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Сспоред најавата, Силјановска-Давкова ќе ги посети гробовите на Тоше Проески, Питу Гулев и партизаните, ќе има средба со раководството на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и некаде пред 18 часот ќе има кратко обраќање пред граѓаните.