Бојкотот на ДУИ не успеа, порача Муцунски

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва на прес-конференција порача дека Македонија ќе избере нов претседател по изборниот ден и дека пропаднале обидите за бојкот на претседателските избори. Како што рече, отвориот повик од ДУИ за бојкот не успеа и цензусот од 40% е постигнат.

-Денешниот ден ги извади на површина сите игри на власта и практично се обвинистува сценариото на кое што предупредувавме дека ДУИ посакува криза и преку бојкот на претседателските избори сакаше да се факторизира. ДУИ изгуби двојно и ќе оди во опозиција. Народот денес излезе за да си ја врати Македонија, рече Муцунски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Според вториот човек во ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денот, неколку функционери на владеачката партија се фатени во поткуп на гласачи и притисоци. Муцунски очекува уште вечерва да биде јасна сликата за новиот владин состав.

Слични содржини