24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Голем пожар во Копенхаген: гори зградата на поранешната берза, пожарот ја зафати кулата, се урна покривот

Во најстарата зграда, поранешната берзата во Копенхаген, една од најпознатите во главниот град на Данска, денеска избувна пожар, а пожарот ја зафати кулата, која се урна на покривот.

Засега нема извештаи за повредени.

На снимката објавена од локалните медиуми се гледа како луѓе носат слики надвор од зградата за да спречат да бидат зафатени од пламен.

Кулата на зградата, која е изградена во ренесансен стил и повеќе не е берза, се реновира и служи како седиште на Данската стопанска комора.

Полицијата ги замоли граѓаните на Копенхаген да ги избегнуваат улиците околу зградата и централниот дел на градот.