• вторник, 14 мај 2024

Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени

Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени

29 март 2024

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола.

Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски" - Битола а ќе  ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.

Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.

Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини.

Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место.

Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.

Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.

Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството.

Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа.

За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ.

линк до видео:https://youtu.be/Zlt7mW5Ew9M

Прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан