Поврзете се со нас

Светски првенства

Најбрз гол на мундијалот во Катар и историја за Канада: Дејвис ги „здрма“ Хрватите по само 65 секунди игра (Видео)

Објавено

на

Канада го игра првото Светско првенство по пауза од 36 години (второ во историјата), но по добрата премиера против Белгија на која не добија награда, денеска отвори фуриозно против Хрватска.

Само 65 секунди му беа потребни на Алфонсо Дејвис да ја затресе мрежата на „коцкестите“, гол кој е најбрз на мундијалот во Катар, но кој носи и историја за Канаѓаните.

На првото учество во 1986-та година, Канада заврши последна во групата и не освои ниту еден бод, но не постигна ниту еден гол на најважниот турнир.

36 години подоцна, младата ѕвезда на Баерн Минхен го постигна првиот гол за Канада на светските првенства, по што јасно е дека фаворизираната Хрватска ќе мора да брка резултат во преостанатиот дел од мечот.

Дејвис има далеку поофанзивни задачи во селекцијата, а тоа го искористи за да се најде во шеснаесетникот и со небесен скок го совлада хрватскиот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни