20.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сеад Ризвановиќ: Ако не jа прифатиме оваа рамка, нова тешко дека ќе има

Фејсбук статус на Сеад Ризвановиќ:

Да расчистиме некои работи,

Во моментов не дебатираме дали да ги прифатиме “бугарските барања” или “францускиот предлог” туку преговарачката рамка на ЕУ за земјава,
За разлика од германскиот или португалскиот предлог, францускиот е прифатен и усогласен од сите 27 земји членки, вклучувајќи ја и Бугарија и така се создаде уникатна ситуација која овозможува одобрување на преговарачката рамка за Македонија,

Јас нема да кажам што мислам за преговарачката рамка, дали треба или не треба да се прифати, туку само сакам да укажам на точноста на терминологиите со кои се дебатира во процесов,

Доколку решиме да не ја прифатиме рамката, тогаш исто така треба да ни стане јасно дека нова рамка нема да има, барем во следните десетина години. Во тој случај се враќаме 17 години назад во времето на првата блокада од Грција за ЕУ, бидејќи повторно ќе добиеме иста ситуација,
Германија и Франција не успеаа да ја убедат Бугарија да прифати поинаква преговарачка рамка, тоа значи дека шансите тоа да го направи некоја друга држава се еднакви на нула. Исти такви се и шансите дека во Бугарија на власт ќе дојде некаква гарнитура која ќе биде поповолна за земјава од владата на Петков,

Тоа формално значи дека ние останува земја кандидат за членство, но во пракса нема да ги почнеме преговорите додека не ја прифатиме оваа преговарачка рамка, или некоја полоша во иднина, подобра сигурно нема да има,

Не се точни и наводите дека преговарачката рамка за Македонија е преседан, почнувајќи од ветоата на Шарл Де Гол во 1963 и 1967 за прием на Велика Британија во ЕЕЗ, па до преговарачката рамка на Србија во која стои дека Белград мора да ја признае независноста на Косово,
Легитимни се сите ставови, и дека треба и дека не треба да ја прифатиме, и дека треба да го продолжиме европскиот пат и дека не треба поради неправдите за земјава, но при тоа треба да се кажат и сите општествени, економски, социјални, демографски или безбедносни импликации после двата избора,

Ова се фактите врз кои треба да се води дебатата.

Спонзорирано: