Меси откри кои се негови фаворити за освојување на титулата во Катар

Откако Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, Лионел Меси отворено проговори за своите фаворити на Светското првенство во Катар…

За потсетување, Аргентина во осминафиналето ја совлада Австралија со 2-1 и во четвртфиналето ќе игра против Холандија. Говорејќи по пласманот во следната фаза, најдобриот аргентински играч и капитен Лионел Меси одговори на прашањето кои според него се фаворити за титулата светски шампион.

„Аргентина е еден од кандидатите. Ние сме велесила и секогаш сме меѓу најдобрите. Тоа го потврдивме против Австралија. На Бразил му оди многу добро и покрај поразот од Камерун. Тие се уште се меѓу главните фаворити. Франција е исто така добра, како и Шпанија иако загубија од Јапонија. Играат многу добро, имаат јасен план и тешко е да им се одземе топката бидејќи го контролираат поседот. Ќе биде тешко да ги победиме“, изјави Меси.

Се вчитува...