Фудбал

ПМФЛ: Струга TM го сoвлада Пелистер

ПМФЛ: Струга TM го сoвлада Пелистер

Актуелниот македонски фудбалски шампион Струга Трим Љум славеше над Пелистер со 4-1 на отварањето на 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани сакаа со победа да ги заборават несупесите од претходните две рунди против Шкупи и Беса, цел кој ја остварија. Првиот дел донесе по еден гол на двете страни, Кехинде и Ристевски, ама и црвен картон за гостинскиот играч Бошковски.

Домаќините во вториот дел ја искористија предноста од играч повеќе и со погодоците на Влајковиќ,

Шабани и одново Кехинде дојде до 12. сезонско славје со што со 42 бода е на петтата позиција на табелата. Пелистер со 29 е на сигурното 7. место.

To top