Регион

Општина Струмица го продолжи јавниот повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Поради неисполнетиот број на предвидени пријави, Градоначалникот на Општина Струмица го продолжува рокот за поднесување на пријави по Јавниот повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во Струмица, кој беше објавен на 15.01.2024 година.

Пријавувањето ќе трае се до исполнување на предвидениот број и ја задолжува Комисијата за следење на Јавниот повик да ги разгледува сите понатамошни поднесени пријави на заинтересирани самохрани родители кои ги исполнуваат условите.

Подетални информации може да се добијат од Јавниот повик којшто е објавен на општинската веб страница strumica.gov.mk

Препорачуваме:

Агроекспертите апелираат земјоделците да прават агрохемиска анализа на почвата

Ване Трајков

Дожд, невреме, грмотевици, но и сонце – временска прогноза за мај

Стојне Митева

Фирмите за организација и поддршка на настани со барање до Владата

Ване Трајков