Хрватот кој и го нанесе најболниот пораз на Ц. Звезда во нејзината историја: Не сакавме да ги декласираме

Хрватскиот стратег Томислав Мијатовиќ неодамна ја доби довербата на двократниот шампион на Евролигата, Андолу Ефес и по неколку години поминати како помошен тренер и во иднина ќе ја врши функцијата на прв тренер.

Во интервју за „Basketball Sphere“ говореше на повеќе теми поврзани за оваа сезона и следните предизивци, а проговоре и за најубедливата победа во сезоната, онаа со 45 поени разлика над Црвена Звезда на крајот на регуларниот дел од сезоната во најсилното европско кошаркарско првенство.

„Немам посебен коментар бидејќи таквите натпревари едноставно се случуваат во кошарката. Во еден момент кога се одлучува победникот едноставно оди во нереална сфера. Не сме ние подобри од Црвена Звезда за 45 поени. Не сакавме да славиме со таа предност, само сакавме да се пласираме во плеј-инот. Понекогаш натпреварите влегуваат во насока во која ривалот ќе промаши нешто што вообичајно не го промашува, ние ќе постигнеме нешто што вообичајно не постигнуваме и се претвара во натпревар со објективно нереална разлика. Немавме фокус на победа со таа предност, туку само сакавме да победиме“, вели Хрватот кој и го нанесе најболниот пораз на Црвена Звезда во нејзината историја.

Се вчитува...