Аднан Јашари, екс министер за правда, вчера побарал од новинарката на „Фокус“ Фросина Факова-Серафиновиќ да избрише текст поврзан со полагањето правосуден испит од страна на синот на претседателот на Собранието Талат Џафери во 2015 година.

Според јавно достапните информации може да се види дека во 2015 година министер за правда бил Аднан Јашари, па „Фокус“ побарал коментар од него за целиот случај.

Откако го видел објавениот текст, поранешниот министер за правда Јашари телефонски преку вибер порака искомуницирал со новинарката наведувајќи дека станува збор за погрешна статија и барал да се избрише текст со тема која е од легитимен јавен интерес.