ТЕРА

REKLAMA???

ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ МОЖАТ ДА СЕ ПОДИГНУВААТ И УТРЕ

МВР информира дека во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат утре (среда, 24 април 2024 година), Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Инаку согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. На претседателските избори утре ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април.