Search

Промоција на поетската збирка една ноќ на Кристина Краличин и други активности на Чудна шума за Саем на книга

На саемот на книга, кој се одржува од 18 до 24 април во С.Ц. „Борис Трајковски“, издаваштвата Чудна шума и ИД-Концепт се претставуваат со промоција на една поетска збирка – „Една ноќ“ од Кристина Краличин, со дружења со авторите Д.А.Лори, Живко Грзоданоски, Александра Симова, Хари Дудески, Ирина Атанаскова, креативни работилници со Ана Голејшка Џикова и Ирина Атанаскова и други разновидни активности за деца, млади и возрасни.

Промоцијата на книгата „Една ноќ“ ќе се одржи во петок, на 19 април, во промо-центарот на Саем на книга. Промотор ќе биде проф. д-р Ермис Лафазановски. „Една ноќ“ е шеста книга на Краличин, а нејзина втора поетска збирка.

На саемот на книга ќе бидат претставени и изданијата од проектот на Чудна шума наменет за млади читатели „Млади европски приказни – YES“, кој под мотото „Кажи YES за добра книга“ промовира квалитетни изданија за деца и млади од реномирани и наградувани европски автори. Проектот е ко-финансиран од програмата Креативна Европа“ на Европската Унија.

Во рамки на проектот досега се преведени книгите: „Каде е мојот дом?“ од Сезен Аксу Ташјурек (превод од турски Васко Марковски), „Овде, во близина, живее едно девојче“ од Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл (превод од словенечки Дарко Спасов), „Мојата бабичка не знае која сум“ од Ива Безиновиќ-Хејдон и Хана Тинтор (превод од хрватски Калиопа Петрушевска), „Куќа без огледала“ од Мортен Санден (превод од шведски Родна Русковска), „Беззборовната Ела“ од Викторија Патрашку и Кристијана Раду (превод од романски Лидија Димковска) и „Деветтиот живот на принцот на мачките“ од Дора Гимеши и Каталин Сегеди (превод од унгарски Златко Панзов).

Програма на настани на Чудна шума:

четврток, 18 април

18:00 – 19:00 – Hahnemühle Art Corner – изложба на разгледници од повеќе уметници, печатени во принт-студиото Чудна шума АРТ (штанд на Чудна шума)

петок, 19 април

11:00 – 12:00 „Хотелот Попитоп“, дружење со Бистра Георгиева и малите креативци од градинката Green House (штанд на Чудна шума)

16:00 – 18:00 – Hahnemühle Art Corner (штанд на Чудна шума)

18:00 – 18:45 – Промоција на поетската збирка „Една ноќ“ од Кристина Краличин; промотор проф. д-р Ермис Лафазановски (Промо-центар)

18:45 – 19:30 – Потпишување и дружење со авторката на поетската збирка „Една ноќ“, Кристина Краличин (штанд на Чудна шума)

сабота, 20 април

11:00 – 12:00 – Дружење со Лефти и Рајти на Саем на книга (Саем на книга)

17:00 – 18:00 – Потпишување и дружење со авторката на книгата за деца „Забранетата соба“, Александра Симова Клинчарова и илустраторот Хари Дудески (штанд на Чудна шума)

18:00 – 19:30 – Потпишување и дружење со авторката на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“, Д. А. Лори (штанд на Чудна шума)

недела, 21 април

12:00 – 13:00 – Читање, потпишување и дружење со авторот на книгата „Белите глувчиња – Страшната наезда на зелените вошки – Црните овци“, Живко Грозданоски (штанд на Чудна шума)

13:00 – 14:00 – Дружење со Лефти и Рајти на Саем на книга (Саем на книга)

16:00 – 19:00 – Hahnemühle Art Corner (штанд на Чудна шума)

понеделник, 22 април

18:00 – 19:00 – Hahnemühle Art Corner изложба на дела изработени на Hahnemühle материјали (штанд на Чудна шума)

вторник, 23 април

16:00 – 17:15 – Креативна работилница за деца „Лили“ со Ирина Атанаскова (штанд на Чудна шума)

17:30 – 18:45 – Креативна работилница за деца „Каде е мојот дом?“ со Ана Голејшка Џикова (штанд на Чудна шума).

На штандот на Чудна шума бидат изложени и:

– сите изданија на Елоквента, меѓу кои и „Графало“ и „Елмер“

– дневниците Imaginarium journals

– сликовницата „Хотелот Попитоп“ на Бистра Георгиева и малите креативци од градинката Green House

Што да очекувате:

📚 нови изданија

📒 саемски попусти од 20 – 75%

🎁 подароци и изненадувања

📖 промоции на книги

✏️ дружења со нашите автори

👦👧 креативни работилници за деца

🎨 Hahnemühle Art Corner

🕙 Работно време на саемот: од 18 до 24 април, од 10:00 до 20:00

Линк до нашиот саемски каталог

Најново

Последни колумни