Мојата цел не беше да победам туку да вознемирам една застојана елита, порача Ванковска

од Nikola Popovski

Кандидатката за претседател, проф. Билјана Ванковска на социјалните мрежи упати честитка за победниците, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.

-Апсолутно сум горда на гласовите што ги освоив, точно е дека авангардата гласаше за нас, истакна Билјана таа.

Ѝ заблагодари на Левица за можноста што ја добила „да зборува слободно, чесно, отворено и радикално“.

-Да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција. Народот очигледно не е подготвен за тоа. Мојата цел беше не да победам туку да вознемирам една застојана елита. Колку успеав, ќе видите наскоро. Не сакам да бидам пророчица, но новиот претседател ќе се соочи со сето она за што предупредував, напиша Ванковска на Фејсбук.

Резултатите што ДИК ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени над 90 проценти од гласовите, односно 3.176 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 326.310 гласови (39,95%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 162.678 гласови (19,92%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 111.532 гласови (13,66 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 78537 гласови (9,62 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 71.822 гласови (8,79 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 36.193 гласови (4,43 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 7.537 гласови (0,92%).

Слични содржини