Постот заврши, умерено да се консумира мрсна храна апелираат лекарите

Денеска завршува најголемиот Велигденски пост. Верниците кои изминатиот период постеа, треба постепено да го прилагодуваат организмот на мрсна храна, советуваат лекарите. Потребна е адаптација на месо, јајца со цел оваа храна да може полесно да се свари со што нема да дојде до здравствени проблеми.

„Не само од верски постот има и медицинска оправданост. Постои еден период на адаптација кога ќе се вратат на нормалната искрана, а знаеме дека Велигденот изобилува со калорична храна, јагнешкото месо ќе биде нашите трпези, јајцата. Ни треба адаптација со цел полесно да се сварат овие намирници кои биле изоставени во овој период.“ – вели Митрова.

Надуеност, повраќање, тегоби се најчестите причини поради кои после пост се посетуваат болничките ординации. Доктор Митрова апелира граѓаните да бидат внимателни да не претеруваат со храна со цел на Велигден да не завршат во болница.

„Поентата е дека треба постепено и умерено да преминат во овој период за да не се појават здравствени проблеми како што може да бидеат гастрични тегоби, надуеност и напад на жолчката.“ – вели Митрова.

Апелот останува ист кога е во прашање алкохолот. Не е забранет ама препорачливо е да биде умерен.

Умереното прилагодување на организмот на мрсна храна по постот придонесува за мирно прославување на празниците.

Лаура Стојанова, М-Нет