Press "Enter" to skip to content

Историски час посветен на годишнината на Смилевскиот конгрес (фото)

Попладнево во кино “Манаки“ во Битола се одржа историски час посветен на годишнината од одржувањето на Смилевскиот конгрес во 1903 година, настан кој што е еден од важните одредници во македонското национално ослободување.На присутните во име на организаторот, здружението на граѓани за почитување на прописите, им се обрати и Васко Костевски, кој го нагласи значењето на Смилевскиот конгрес во 1903 година, затоа што одлуките кои се однесуваат на националното достоинство за нас македонците се важни и во 21 век.Историскиот час беше насловен “Време на одлука“, а кој присутните имаа прилика да чујат неколку аспекти за Смилевскиот конгрес, кои ги изложи професорот д-р Ванчо Георгиев, кој уште еднаш потврди дека само науката, аргументите, принципиелното претставување на фактите се најсилната одбрана на македонското национално достоинство.-Согласно одлуките од Солунскиот конгрес, на 2 мај 1903 година, во с. Смилево – Демирхисарско, започнал окружниот конгрес за Битолскиот револуционерен округ – Смилевскиот конгрес. Ништо не е случајно. Битолскиот и Серскиот револуционерен округ биле најподготвени за отпор против теророт и тиранијата. Битолскиот, требало да го анимира Дамјан Груев, а Серскиот, Гоце Делчев. Време на одлука – Смилевскиот конгрес, патоказ за нас македонците и во 21 век. “Горе над Бигла снегот се стопил, Црна ги корне бреговите, Смилево са ноќ стражари будно, на конгрес се војводите. “Одлуките се пресудни, но тие произлегуваат од идеите и нивната бесмртност“, беше речено на историскиот час.

Модератор на историскиот час беше Јулијана Мирчевска, а рецитал имаше Васко Мавровски.

More from ВестиMore posts in Вести »