Пронајдени делови од канадско производство во ирански дронови што ги користи Русија

Од:

Истражувачки проект на невладината организација Statewatch откри компоненти на 30 европски и американски компании во ирански беспилотни летала, вклучувајќи делови произведени од канадската компанија Tallysman Wireless.

Беспилотните летала Шахед 136 од иранско производство, со кои Русија ја гранатираше украинската цивилна инфраструктура, руската војска го преименуваше во Геран-2 за да го скрие нивното потекло, пишува Гардијан.

Претседателот на Tallysman рече дека е свесен дека производот на неговата компанија бил користен за гранатирање на цивили во Украина.

„Може да се претпостави дека некако учествувавме во нападите. Но, тоа не е точно. Tallysman ѝ дава 100% поддршка на Украина“, рече Гајлс Пантер.

Пантер се сомнева дека поради санкциите, несвесно продавале делови на „лажни компании“ на Иран. Тој додаде дека соработуваат со канадските цариници, но и призна дека е проблематично да се контролира во чии раце ќе завршат претежно безопасните делови како што се безжичните антени.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“