Македонија Избори

Неофицијално: Огромно водство на Силјановска Давкова пред Пендаровски на 10% обработени гласачки места

Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,56% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 18,36%.

Неофицијално: Огромно водство на Силјановска Давкова пред Пендаровски на 10% обработени гласачки места

КУРИР неофицијално дознава дека Гордана Силјановска Давкова  има големо водство пред Стево  Пендаровски, на 10% обработени гласови.

Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,56% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 18,36%.

Зад нив е Бујар Османи со освоени 14,8% од обработените гласачки ливчиња.

Арбен Таравари освоил 9,44% од изброените гласови, а Димитриевски 6.95%.

Од овие изброени гласови, за Ванковска се изјасниле 3,82%, а за Јакимовски 0,69.

Неважечки се 2,09%.

Најнови вести од Македонија

To top