Израел напаѓа во источен Рафах, операцијата и преговорите за прекин на огнот ќе се одвиваат истовремено, порача Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот вечерта изјави дека неговиот воен кабинет одобрил продолжување на операцијата во градот Рафах во јужниот дел на Газа за да се изврши притисок врз Хамас да ги ослободи израелските заложници и да ги постигне другите воени цели на земјата.

Портпаролот на израелската армија во понеделникот вечерта изјави дека војската извршила „прецизни, насочени напади врз терористичките цели на Хамас“ во источен Рафах. Кабинетот на премиерот претходно во понеделникот вечерта соопшти дека воениот кабинет се согласил да продолжи со планираната израелска операција Рафах.

„Воениот кабинет едногласно одлучи дека Израел ја продолжува операцијата во Рафах за да изврши воен притисок врз Хамас и да доведе до ослободување на нашите заложници и други цели на војната“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.

„Истовремено, иако предлогот на Хамас е далеку од неопходните услови на Израел, Израел ќе испрати делегација кај посредниците за целосно да ја истражат можноста за постигнување договор под услови прифатливи за Израел“, се додава во соопштението.

Белата куќа соопшти дека го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот и ослободување на заложниците и продолжи да го одвраќа Израел да започне голема воена офанзива во Рафах.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијамс Барнс, престојува во посета на регионот за да разговара за одговорот на Хамас, изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Одби притоа да даде какви и да се поединости за тоа што е договорено, како што рече, за да не се загрозела можноста за постигнување договор.

Претходно во понеделникот вечерта водачот на Хамас, Исмаил Ханија, ги информирал катарските и египетските посредници дека движењето го прифаќа нивниот предлог за прекин на огнот, се вели во краткото соопштение на Хамас.

Официјалниот претставник на движњето, Тахер ал-Ноно, рече дека предлогот вклучува реконструкција на Газа, враќање на раселените и размена на затвореници.

Поранешен висок израелски безбедносен извор за The Jerusalem Post во понеделникот изјави дека предложениот „договор“ на Хамас
всушност не постои.

„Овој таканаречен ‘договор’ е доказ дека штотуку почнавме да вршиме притисок (на Хамас) со промовирање на копннена инбазија во Рафах, и одеднаш добивме зелено светло од Хамас за договор за размена на затвореници и прекин на огнот“, рекол соговорникот на весникот.

Изворот додал дека пријавениот договор за прекин на огнот „е предлог што никој во израелската администрација не го признава. Тоа е предлог што Хамас го измислил за да го спречи Израел од копнеен упад“.

„Сакам да им се обратам на граѓаните на Израел и особено на семејствата на заложниците. Се соочуваме со суров непријател. Никогаш нема да се откажеме од напорите да ги вратиме нашите заложници дома. Ние ќе продолжи да работи за нивно враќање како должност продолжи да го врти секој камен и да испраќа делегации во Каиро“, изјави претседателот на Партијата за национално единство, Бени Ганц.

„Секоја одлука ќе биде донесена во безбедносниот кабинет – нема да има политички размислувања. Дури и воената операција во Рафа е составен дел од нашите тековни напори и посветеност да ги вратиме нашите киднапирани и да ја промениме безбдносната реалност на југот. Ќе продолжиме со сите напори додека не ги вратиме дома“, додаде Ганц.