Директорско разрешување

Објавил: Калина Мартинска | 22 април, 2024 18:19

Вработени во Токсикологија алармираат за хаос, Демири нема да ја смени Илјази, туку Петровски

Фото/Текст извор: ©kanal5.mk

Наместо средување на хаосот на Токсикологија предизвикан од економската директорка Илјази, како што бараат докторите, министерот за здравство најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката, Данил Петровски.

Милионски долг, хаос со работењето и резултатите на пациентите се соочуваат лекарите на клиниката за токсикологија.

За причините за ваквите случувања посочуваат на организациската директорка на клиниката за токсикологија Бесија Иљази, со која комуникацијата била речиси и невозможна бидејќи не знае македонски јазик.

Велат дека 18 лица на кои договорите им завршиле на 31.12 лани, скоро четири месеци секојдневно доаѓаат на работа, директорката инсистирала да бидат вработени.

„Ставот на лекарскиот колегиум е дека воопшто немаме потреба од толкав број на нови примања. Клиниката во моментот реално има потреба од тројца луѓе за да се доекипира лабораторија. Едноставно се инсистира по секоја цена луѓе што беа донесени како што се менуваа директори и министри.“

Директорката Иљази на телефонските повици на новинарите не одговори, канцеларијата и беше заклучена.

Но подоцна свика прес конференција за медиумите на која зборуваше на албански јазик. На прашање на новинарите дали ќе се обрати и на македонски, таа зборуваше само на албански јазик, по што тие си заминаа.

Уште еден скандал со кој ја тресе клиниката е кога пред еден месец болничар, од тие 18 лица кои официјално не се вработени во клиниката, вршел притисок кај лаборантот да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина. Болничарот се појави и пред медиумите, рече дека само прашал дали може да се смени резултатот. Истото го потврди и лаборантот.

Иако докторите на колегиум одлучиле болничарот да се суспендира, директорката Иљази не ја почитувала таа одлука. Министерот за здравство Илир Демири немал сознанија за нерегуларности направени од организациската директорка Иљази. Наместо ставање крај на хаосот како што посочија докторите предизвикан од директорката Иљази, тој најави разрешување на медицинскиот директор д-р Данил Петровски.

Докторите од токсикологија реагираат и што клиниката со месеци не го осигурала својот имот, ниту скапата медицинска опрема бидејќи в.д директорката не сакала да потпише, според сознанијата, затоа што не бил прифатен нејзин брокер за осигурување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.