По речиси 95 отсто обработен изборен материјал, ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратенички мандати

Државната изборна комисија (ДИК) на прес-конференција ги објави првичните неофицијални резултати од парламентарните избори.

Бројките од пребројани 94,5 отсто гласови на парламентарните избори се следните:

СДСМ 138.174, коалицијата Твоја Македонија на ВМРО-ДПМНЕ 395.048, коалицијата Храбро за Македонија(ГРОМ) 4.409, коалицијата Европски фронт 128.698, Левица 62.195, Вреди 100.593, ЗНАМ 48.032, Единствена Македонија 1.513, Нова Алтернатива 3.265 гласови.

Според досегашната проекција за новиот парламент ВМРО-ДПМНЕ ќе има 59 мандати, СДСМ 19 мандати, Европски фронт 18 мандати, Вреди 13 мандати, Левица 6 мандати, движење ЗНАМ 5 мандати.

Во изборната едниница 1 коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати, СДСМ 3 мандати, Европски фронт 2 мандати, Вреди 2 мандати, Левица 3 мандати, движење ЗНАМ 1 мандат.

Во изборната едниница 2 коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 9 мандати, СДСМ 2 мандати, Европски фронт 4 мандати, Вреди 3 мандати, Левица 1 мандати, движење ЗНАМ 1 мандат.

Во изборната едниница 3 коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 14 мандати, СДСМ 4 мандати, Левица 1 мандат, движење ЗНАМ 1 мандат.

Во изборната едниница 4 коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 13 мандати, СДСМ 5 мандати, Левица 1 мандат, движење ЗНАМ 1 мандат.

Во изборната едниница 5 коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати, СДСМ 4 мандати, Европски фронт 3 мандати, Вреди 1 мандат, Левица 1 мандат, движење ЗНАМ 1 мандат.

Во изборната едниница 6 коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 3 мандати, СДСМ 1 мандати, Европски фронт 9 мандати, а Вреди 7 мандати.