Си Џинпинг предложи четири принципи за решавање на ситуацијата во Украина

од Vladimir Zorba

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека предложил четири принципи за да се спречи украинската криза да излезе од контрола и да се врати мирот што е можно поскоро, пренесе Ксинхуа.

„Прво, приоритет треба да биде поддршката на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од натамошно влошување. Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување“, рече Си.

Си се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг, каде двајцата лидери разменија мислења за кризата во Украина.

Слични содржини