Вести Македонија Топ вести

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Со четири гласа „за“, Антикорупциската комисија на денешната седница донесе идентична одлука по приговорот на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова за процесот на тестирање и селекција на кандидати во академијата за судии и јавни обвинители во време на изборен процес. Во образложение на одлуката, Димитровска наведе Антикорупциската комисија е на ставот дека кандидатите во академијата се во работен статус и не смее да се врши селекција, бидејќи со тоа се крши изборниот законик.

Според одлуката на Антикорупциска, академијата за судии и јавни обвинители треба да го запре процесот на селекција и тестирање на кандидати до завршување на изборниот процес.

Издвоено мислење имаше членот на Антикорупциската комисија, Софија Спасовска Медарска, која нагласи дека претходното мислење на Антикорупциската Комисија, дадено во 2017 година по истото прашање, треба да се уважи, бидејќи фактичката состојба е идентична.

Во своето обраќање пред Антикорупциската комисија, претседателката на академијата, Наташа Дамјановска Габер нагласи дека не станува збор за двојно вработување, бидејќи кандидатите земаат плата од Академијата, но ќе работат на друго место и дека доколку не минат било која фаза од селекцијата, договорот престанува и тие се должни да ги вратат примените средства.

Габер најави дека ќе го искористи законскиот рок од 24 часа и повторно ќе поднесе тужба до Управниот суд.

Отакако Антикорупциската комисија ја донесе првата одлука и го прифати приговорот на Силјановска, Академијата поднесе тужба до Управниот суд кој викендов пресуди во корист на Академијата и наложи на Антикорупциска повторно да го разгледа приговорот.

Во образложението на Управниот суд беше наведено дека во текот на постапката пред Антикорупциската комисија биле направени суштествени повреди во однос на составот на комисијата при одлучувањето и носењето на одлуката во однос на изземањето и непостапување по барањата на тужителот за изземање на три члена, како и повреда при примена на материјалното право и погрешна нецелосно утврдена фактичка состојба во однос на член 8а од Изборниот законик во однос на итни и неодложни постапки.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе