ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Младата охридска пијанистка Ана Кузманоска го освои првото место на Државниот натпревар во Битола

Охрид/Битола, 26. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младата пијанистка Ана Кузманоска од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид оствари уште еден значаен успех.

На Државниот натпревар што се одржува во Битола, организиран од Здружнието на музички и балетски педагози, Кузманоска, од класата на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска го освои првото место во категорија пијано.

Неодамна Кузманоска настапи на циклусот концерти за млади инструменталисти „Слободна среда“, во склоп на програмата „Подиум на млади“ на Музичката младина на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука