Тренерот на Оклахома: Какви Јокиќ и Дончиќ, МВП е Гилџес-Александер

Уште пред самиот крај на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата започнаа диксусиите кому треба да му припадне наградата за најкорисени играч. Во комбинација се три кошаркари – Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Шаи Гилгеус-Александар, а тренерот на Оклахома, Марк Дегено смета дека не треба да има дилема во изборот.

Тоа треба да биде бекот на Оклахома кој бележи просек од 30.1 поен и 6.2 асистенции по натпревар и како што вели неговиот тренер е моторот на тимот кој го освои првото место во западната конференција.

„Не го проучувам сите играчи, но еден од нив го гледам секоја вечер. Не постои натпревар во кој не мислам дека го имаме најдобриот играч на теренот. Со него сме во топ пет и во нападот и во одбраната. Неговата константност, стабилност и самодоверба заразно влијаеа на еден од најмладите тимови во првенството, еден од најмладите тимови во историјата кој го постигна тоа што го постигнавме. Кога гледаме се што направи оваа година и каква основа постигна претходните години не постои ниеден друг играч кој би го заменил за него“, изјави Дагено.

Се вчитува...