ВМРО-ДПМНЕ: На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно

Од:

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.
А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?Кој направи влада после овие настани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска? Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27-ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста? Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле? Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов