Награда за добрите игри: Барди добива бонус од Трабзон

Енис Барди блеска во дресот на Трабзонспор во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, а македонскиот репрезентативец ќе добие дополнителна награда од својот клуб за одличните изданија.

Турските медиуми информираат дека Барди ја активирал клаузулата во договорот, со која му следи бонус ако учествува во десет гола на Трабзон во една наттпреварувачка сезона. Македонскиот капитен досега има 11 седум гола и четири асистенции, со што си обезбеди зголемување на платата за оваа сезонс. Според медиумите, Барди има загарантирани 1,3 милиони евра во Трабзон, а не се наведува колкаво е зголемувањето со овој бонус.

Следен предизвик за тимот на македонскиот репрезентативец е реваншот од полуфиналето во Купот на Турција, на денешното гостување против Карагумрук, меч во кој Барди и соиграчите ќе влезат со предност од 2-1 од првиот натпревар.

Се вчитува...