Не ја сушете облеката на радијатор, тоа може да ви го загрози здравјето

Многумина од нас го користат греењето на становите во зима, па облеката ја сушиме во станот или на самиот радијатор. Но, истражувањaтa покажаa дека тоа и не е најдобра идеја затоа што така можеме да го загрозиме нашето здравје.


Испарувањето на детергентот и омекнувачот до кое доаѓа поради сушење на облеката на радијаторите предизвикува зголемен ризик од појава на алергени и со самото тоа појава на алергии.

Експертите велат дека покрај радијатор секогаш треба да чувате сад со вода, затоа што во спротивно воздухот се суши толку многу, а тоа негативно влијае на респираторната слузница која станува толку сува што привлекува разни алергени и предизвикувачи на разни инфекции.

Не ја сушете облеката на радијатор, тоа може да ви го загрози здравјето

Исто така, се покажало дека сушењето на гардероба во станот го зголемува нивото на влага за 30 проценти и дека со себе предизвикува зголемен ризик од астма и алергии на кои особено се изложени најмладите.
Симптомите на респираторна инфекција се бројни – кашлање, хроничен замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболка или гадење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.