Димитриевски побара тв дуел со Пендаровски и Силјановска Давкова

од Nikola Popovski

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски бара телевизиски дуел со  противкандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, за како што вели, да ги соочат своите факти и аргументи.

-Во спротивно верувам дека истите бегаат од јавна дебата, со единствена цел – немаат што да им понудат и покажат на граѓаните. Во оваа држава, покрај партиските членства живеат и други граѓани кои имаат право да слушнат што идниот претседател планира да реализира како претседател на сите граѓани, кажа Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ, кој имаше средби со граѓани на Зелено пазарче, оцени дека претседателските кандидати од помалите партии и другите субјекти се речиси невидливи за јавноста, а кампањата не е еднаква за сите.

Граѓаните, дополни, не заслужуваат „ваква нетранспарентна, селективна и наменска кампања како што има во моментов“.

Слични содржини