Панајотова: Засилена полициска акција за време на изборите на 8 мај

По повод денешниот празник ден на полицијата, портпаролката на СВР- Штип, Гордана Панајотова посочи дека и за време на изборите полицијата повторно ќе биде на висина на својата професионална задача, со цел да обезбеди фер и демократски изборен процес.

„Со уверување дека во вториот круг од претседателските односно од првиот круг на парламентарните избори што ќе се одржи утре среда 8 мај, ќе продолжат со професионално извршување на полициските работни ангажмани со цел гарантирање на фер и демократки изборен процес. Уште еднаш македонската полиција ќе се погрижи, преземајќи ги сите надлежности што се предвидени со изборниот законик да им обезбеди на граѓаните слободно да го искажат својот глас без нарушување на избирачкото право.“ изјави Панајотова

Доколку на самиот изборен процес се забележат незаконски активности или злоупотреба на загарантираното право, граѓаните се должни истите тие прекршоци да ги пријават во полициската станица истакна Панајотова.

„Апелираме до граѓаните, доколку забележат евентуални не законски активности во врска со изборниот процес или каква била злоуботреба на уставно загарантираното право да пријават во полициска станица.“ посочи Панајотова

За време на претстојните избори кои ќе се оддржат утре, полицијата на територијата на Општина Штип ќе започне со професионално извршување на својата работа, со цел изборите да бидат фер, слободни и демократски без никакви прекршоци.