” КЛИМАТСКА ЕДУКАТИВНА АКЦИЈА – УЧЕСТВУВАЈ И ТИ “

54
„Климатската едукативна акција-учествувај и ти“ е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, а инплементирана од страна на  од НВО ЗЕОООП од Скопје и Унија на еколози НАТУРА од Струга.
Во завршните активности изработија флаери за поддигнување на јавната свест за климатските промени.
Флаерите како и реализацијата проектот се на два јазици (македонски и албански).
Преку изработката на овие летоци се создаде алатка за поддигнување на свеста за важноста и нужноста од дејствување преку добра пракса и поттик за создавање Зелена планета -вели  претседателот на Здружението ЗЕОООП Александра Петровска, и координаторот на Проектот Берат Села.
-Целта е зголемување на активностите и влијанието на учениците врз климатските промени.
-Даден е приказ на предизвици, но уште повеќе ги истакнавме бројните можности за влијанието врз климатските промени.
-Зелена планета е нашата иднина до која допрва треба да се стигне, и тоа колективно, но и како цивилизација низ една долга низа на добро осмислени чекори.
Да создадеме еден позелен свет преку распределување на одговорностите и заедничка соработка.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.