(ВИДЕО) Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот

Од:

„Ова е денот кога се сеќаваме на Великото дело на нашиот револуционер Гоце Делчев, денес е споменот на неговото вековно дело кое остави неизбришлива трага во духот на македонскиот народ. Тој е во суштината, континуитетот на вековната борба на македонскиот народ за своја национална слобода и за своја држава. Споменот на Гоце Делчев мора да го одржиме жив во срцата и во душите на генерациите денес, но и како аманет да го оставиме за нашите генерации и потомства утре“, изјави носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија и претседател на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски по средбата со граѓаните во Градско.

Ристовски упати порака и опомена до двата престедателски кандидати, но и до сите идни пратеници во македонскиот парламент.

„Вие можете да си ги продадете образот и честа за 30 сребреници но сама да знаете според Библијата во мираз ќе добиете проклетство до седмо колено. Немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот, во светињата во него, во таа вековна борба на македонскиот народ за национална слобода. Немојте да чепкате во државотворната позиција на македонскиот народ, немојте да си играте со судбината на Македонците во својата татковина Македонија. Бидете свои на своето. Македонија навистина во својот Устав е дефинирана како држава која е круна на вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност, за свој нација, за своја држава за своја национална слобода“, рече Ристовски.

Тој упати и порака до јавноста.

„Пораката до македонската јавност е внимавајте кому ќе го доверите својот глас во среда на 8 мај, размислете пред да заокружите, ние сакаме да ве повикаме во името на тие 53 проценти неопределни, но и на сите вас кои сте одлучиле да гласате, заокружете број 3 за да добиете бедем и бастион во македонскиот парламент кој ќе се грижи и ќе го чува македонскиот национален интерес“.

Јордан Николов, носител на листата во ИЕ3 на Коалицијата Храбро за Македонија по средбата со граѓаните во Градско и со земјоделците ги пренесе нивните поплаки дека нема пласман за земјоделските производи.

„Тие истакнаа дека го паметат времето од стара Југославија кога имаа сигурен пласман за нивните производи. Денес после 30 години земјоделците немаат пласман за нивните производи, ние ќе ги решиме овие проблеми, ќе работиме заедно со земјоделците, заедно ќе помогнеме водата која е насушен ресурс да биде дадена на земјоделците кога е најпотребна. Кога имаат потреба да го предадат својот откуп во откупните центри, да најдеме пласман за нивните производи. Заедно ќе работиме да ја обновиме механизацијата, а заедно и ќе работиме на селскиот туризам и да го подигнеме овој крај сите заедно, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Управен суд одлучува за седумте тужби на Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Османи им се пожалил на странските амбасадори за „произволни одлуки на ДИК со кои се краде изборната волја“

„Вреди“: ДИК за ИЕ6 отвори седум гласачки кутии, во четири се констатирани неправилности, ДУИ нема капацитет за спроведување избори

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски