Повеќе од 170 ретки книги од руски писатели од 19 век се украдени од библиотеки низ Европа, пишува „Њујорк Тајмс“.

Ваквите кражби, првенствено се однесуваат на раните изданија на Пушкин, Лермонтов и Гогољ.

Според податоците на Европол, од 2022 година, книгите биле украдени првенствено од библиотеката на Универзитетот во Варшава (78 примероци), а меѓу другите и од библиотеките во Рига (17 книги со вкупна вредност од 440.000 евра), Минхен, Берлин и Париз.

Шемата за кражба е едноставна: непознати луѓе барале книги за да се запознаат со изданијата, а потоа ги менувале за висококвалитетни фалсификати. Мотивите за кражбите се уште не се прецизно утврдени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.