Регион

Полицијата трага по сторителите кои го осквернавија споменикот на Гоце Делчев во Струмица

Полицијата трага по сторителите кои го осквернавија споменикот на Гоце Делчев во центарот на Струмица на 2 овој месец.

Како што инфомираше портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, бил извршен увид на споменикот, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Засега непознати сторители со авто лак испишаа пораки врз споменикот, но за вчерашното чествување на 152 години од раѓањето на Гоце Делчев споменикот беше исчистен.

Од Општина Струмица го осудија овој вандалски и дрзок чин и побараа од надлежните да ги откријат сторителите.

Споменикот на Гоце Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Висок е 5,20 метри и е подигнат во 1976 година.

Препорачуваме:

Сабота, протест на струмичките родителите против новиот закон за дигитални учебници

Стојне Митева

Матичните лекари утре повторно на протест

Стојне Митева

Премиерот Зоран Заев од Струмица со честитка за Богородица и повика на споделување на добрина

Ване Трајков