Италија
Картоните направија проблем: Јувентус и Атланта ќе играат без еден клучен играч во финалето на Купот
Аталанта вчера ја победи Фиорентина и закажа финална пресметка против Јувентус во Купот, натпревар кој ќе се одигра на 15-ти мај на „Олимпико“ стадионот во Рим.
Ова ќе биде добра шанса за двата тима да ја завршат сезоната со трофеј и да ги израдуваат своите фанови, но за разлика од Јувентус, Аталанта ќе може да направи нешто слично и во Лигата на Европа каде влезе во полуфиналето.
Тимот на Гасперини игра извонредно добро во финишот од сезоната и се бори на три фронта, но во финалето против Јувентус нема да смета на својот најдобар играч во последно време.
Џанлука Скамака вчера постигна ремек-дело со кое го реши прашањето околу патникот на завршниот меч, но за врема на средбата доби и жолт картон, поради кој самиот се „прецрта“ за клучниот меч против Јувентус.
Идентична ситуација има и во противничкиот табор, па така Макс Алегри нема да може да смета на Мануел Локатели кој беше во опасност, а кој доби жолт картон во полуфиналето со Лацио.
-
Англијапред 17 часа
Ова се чекаше повеќе од две децении: Ипсвич повторно ќе игра во Премиер лигата (ВИДЕО)
-
АТПпред 13 часа
Синер ги разочара италијанските фанови: Навистина ми е тешко што го пишувам ова (Фото)
-
Светпред 15 часа
Миовски стрелаше и донесе победа за Абердин (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Арда им продаде фудбалски деликатес на двајца противнички фудбалери, па доби стоечки овации од „Бернабеу“ (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти објасни зошто играчите на Реал нема да ја слават титула со навивачите на „Сибелес“
-
Англијапред 19 часа
„Скај Спорт“ ги истипува со точен резултат сите средби од Премиер лигата
-
Шпанијапред 11 часа
Чави: Ова е резиме на сезоната, мора да се променат многу работи за да се бориме со Реал!
-
Шпанијапред 22 часа
Начо решил да го напушти Реал, има план и за следниот ангажман