ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО: Нема пријави за кривично дело поврзано со изборите

16

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија izbori@jorm.mk не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите.

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Не се забележани посериозни инциденти кои би имале обележја на кривично дело против изборите и гласањето или други кривични дела кои би го загрозиле изборниот процес.