Турски медиуми: Енис Барди има понуда од Русија

Трансфер сагата на Енис Барди ќе продолжи и во престојниот летен преоден рок. Речиси секој преоден рок во последните неколку години, се шпекулира за негова промена на средината.

Многу веројатно е дека македонскиот репрезентативец престојното лето ќе го смени клубот. Турските медиуми пишуваат дека играчот на Трабзонспор има понуда од клуб од Русија, притоа не прецизирајќи за кој тим станува збор.

Барди има договор со Трабзон во 2025 година, но нема да биде изненадувачки ако турскиот клуб го продаде за добра сума. Според шпекулациите, 3-5 милиони евра би требало да бидат доволни за Трабзон да се одлучи да го пушти.

Се вчитува...