Поврзете се со нас

Германија

Вистинска легенда: Највозрасниот играч во Бундеслигата заминува во пензија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/eintracht_eng

Макото Хасебе е вистинска легенда на Бундеслигата и цели 16 години е дел од германската елита, но на неговото фудбалско патување ќе дојде крај по завршувањето на актуелната натпреварувачка сезона.

Јапонскиот фудбалер почна во Волфзбург во 2008-ма година и потоа една сезона беше дел од Нирнберг, по што изминатите 10 години ги мина во редовите на Ајнтрахт Франкфурт.

Хасебе има 40 години и важи за највозрасен фудбалер во Бундеслигата, но од следната сезона тоа повеќе нема да биде така бидејќи одлучи да замине во пензија.

– На моето тело му е се потешко да ги издржи напорите на професионалниот фудбал. Доживеав многу убави моменти, но сега е време да го направам следниот чекор, – изјавил Хасебе, кој веднаш по крајот на играчката кариера, ќе почне да гради тренерска во Ајнтрахт Франкфурт.

Интересно, Хасебе еднаш ја освои Бундеслигата како член на Волфзбург во 2009-та година, а во Ајнтрахт го освои Купот, како и Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни