Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое, меѓу другото, објавуваме интервју со претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, се емитува вечерва (18 април 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Не копираме ние, ВМРО-ДПМНЕ нè копира нас – вели кандидатот на ЗНАМ за шеф на државата, Максим Димитриевски, за сличноста на ставовите за уставните измени и односите со Бугарија;
– Дали и колку претендентите за претседател на државата се присутни на Тик-ток, социјална мрежа што ја користат помладите гласачи – сторија;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.