„Шепотот на третaта доба“ – алманах со песни од кавадаречки пензионери

40

„Шепотот на третата доба“ е насловен алманахот со песни од кавадаречките пензионери, кој синоќа беше промовиран во Домот на културата ,,Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

– Се работи за збирка песни напишани од поетите што работат во рамките на Здружението на пензионери – Кавадарци. Комисијата за култура и раководството на Здружението обезбедија организациски и финансиски услови да биде испечатен алманахот и со тоа, по долго време, во Кавадарци да излезе еден ваков поетски алманах – рече Маријана Пешиќ, пензионирана новинарка, која е активна во општествениот живот и во пензионерските денови.

На настанот збогатен со музика, беа прочитани и песни од алманахот. Со поетско читање се претставија и членови на поетски клубови од Прилеп и од Велес.

– Литературниот клуб при Здружението во Кавадарци е многу активен. Сакаме да упатиме јасна порака дека животот е убав и во третата доба ако умеете да го осмислите и да му дадете содржина – нагласи Пешиќ.