Поврзете се со нас

Франција

Меси погоди мајсторски и донесе победа за ПСЖ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/PSG_English

Пари Сен Жермен освои три нови бода во Лига 1 и тоа откако вечерва актуелниот шампион беше подобар од составот на Тулуз со 2-1.

Домашниот тренер Галтие не можеше да смета на многу важни играчи како Нејмар, Мбапе, Рамос, Кимбембе и Верати, ама и без нив ПСЖ пронајде начин со пресврт да дојде до 17 сезонски триумф со кој го стави под притисок второпласираниот Олимпик Марсеј кој утре има тежок предвизвик против Ница.

Ван ден Бумен во 21. минута го шокираше „Паркот на принцовите“ во 21 минута, но фаворитот веќе во првиот дел одговори преку Хакими во 38 за 1-1.

Во вториот дел на сцена стапи Меси кој со мајсторски гол во негов стил стрелаше за 2-1 со што воедно гоо постави и конечниот резултат.

Наредното коло за ПСЖ носи гостински тест против Монако.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни