Поврзете се со нас

Шпанија

Гатузо доби бели шамивчиња на „Месталја“: Го допревме дното, но не е мој стил да си одам

Објавено

на

Валенсија игра очајно лошо по крајот на Светското првенство и нема забележано ниту една победа во Примера, но елиминацијата во Купот на домашната „Месталја“ го катапултираше незадоволството кај навивачите на клубот, кои вчера по натпреварот со Атлетик Билбао протестираа со бели шамивчиња.

Навивачите на Валенсија веќе подолго време бараат оставка од газдата на клубот, Питер Лим, но се повеќе се незадоволни и од стилот на игра кој го негува Џенаро Гатузо, а кој едноставно не вродува со плод во последно време.

Валенсија вчера комплетно беше надиграна од Атлетик Билбао на домашен терен и загуби со 1:3, па така тимот остана без пласман во полуфиналето на Копа дел Реј. Ова не би бил преголем удар за тим кој се бори за Европа, но ако се знае дека Валенсија е на само три бода од опасната зона во Примера, тогаш станува јасна фрустрацијата кај фановите.

– Со овој натпревар го допревме дното. Морам да разговарам со тимот и да ги слушнам што имаат да кажат играчите. Да видиме што ни се случува. Не сакам да го користам овој збор, но играме со страв. Тоа што го договараме се распаѓа како кула од карти при првата потешкотија на теренот.

– Приоритетот не е Рино Гатузо во овој момент. Не размислувам за тоа дали ќе останам, или ќе си одам. Морам да мислам само на тимот и следниот меч. Приритет е клубот и историјата на Валенсија. Не е мој стил да си одам кога е најтешко. Морам да разговарам со тимот и се уште верувам во мојот тим. Ќе биде многу лесно да кажам: Си одам ако не добиеме засилувања! Сепак, тоа не е мојот стил, – изјави Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни