Проблеми за Баерн Минхен пред реваншот со Реал Мадрид

Баерн Минхен доколку не ја освои Лигата на шампионите ќе се обиде што побрзо да ја заборави оваа сезона. Патот до освојување на пехарот од најелитното европско натпреварување би можел дополнително да се замрси со повредата на уште еден првотимец.

Рафаел Гереиро мораше да го напушти теренот во последниот пораз на Баерн во Бундеслигата против директните ривали за второто место, Штутгарт.

Португалскиот репрезентативец заработи повреда на лигаментите на скочниот зглоб, а Томас Тухел потврди дека нема да биде во составот за реваншот со Реал Мадрид. Од друга страна, добрата вест за Баварците е што Матијас де Лихт денеска се враќа на тренинзите и ќе биде од големо значење, особено ако се земе предвид слабиот настап на Ким Мин-Јае против мадриѓаните во првиот полуфинален натпревар.

Се вчитува...