Македонија

(Видео) Лукаревска: Никој не може да нѐ симне од власт, ако не се симнеме сами – занимавајќи се со себе, шепотите не ги слушнавме

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Претрес со Ландов“ посочи дека нив од власт не ги симна Али Ахмети со неговото однесување, туку сами себе си направиле штета.

„Нас не може никој да не симне од власт ако не се симнеме самите ние. Така што толку имам да кажам околу тоа. Занимавајќи се премногу самите со себе, некои шепоти не ги слушнавме доволно силно, па сега ни е малку и поспецифично како грмотевица“, рече Лукаревска.

Прашана за критики, рече: „Јас прифаќам критика, жалам што одредени луѓе во политичка смисла, независно дали од СДСМ или други партии не прифаќаат критика, туку сфаќаат како да некој има нешто против нив. Ако повеќе критикувавме, можеби ќе направевме некаков подобар пресврт“.

На почеток