Турскиот суд осуди Сиријка на доживотен затвор за бомбашкиот напад во Истанбул

31

Турскиот суд денеска ја осуди Сиријката Ахлам Албашир на доживотен затвор за бомбашкиот напад во Истанбул во 2022 година, во кој загинаа шест лица, пренесоа турските медиуми.

Албашир беше обвинета за поставување бомба, а пресудите за преостанатите 35 обвинети во тој случај се уште не се познати, наведуваат медиумите.

Шест турски државјани загинаа, а околу 100 лица беа повредени во бомбашкиот напад на 13 ноември 2022 година во центарот на Истанбул, на прометната авенија Истиклал, преполна со купувачи и туристи.