Top Sport

Селта го отпушти Рафа Бенитез

Рафа Бенитез повеќе не е тренер на Селта Виго. Челниците на клубот од Галиција му врачија отказ на познатиот тренер.

До прекинот на соработката дојде по поразот на Селта на гости кај Реал Мадрид со 4:0 во шпанската Ла Лига. Во моментов тимот од Виго е на 17. место со 24 бода, два повеќе од Кадиз кој е во зоната за испаѓање.

Бенитез на почетокот на оваа сезона седна на клупата на Селта.

Шпанецот во текот на кариерата раководеше со голем број клубови, а најголемиот успех го постигна со Ливерпул кога ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2004/2005, додека со Валенсија двапати беше шампион на Шпанија, а освои и трофеј во Купот на УЕФА. трофеј.

Scroll to Top